Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека проектили погодиле складиште за радиоактивен отпад во Киев, но нема извештаи за оштетување на зградите или за истекување на радиоактивен материјал.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси изјави дека украинските власти ја информирале неговата канцеларија за нападот.

Агенцијата очекува наскоро да ги добие резултатите од радиоактивниот мониторинг од местото на настанот.

Извештајот доаѓа еден ден откако е оштетен електричен трансформатор на слична депонија во украинскиот град Харков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.