„Звучни слики“ е првата самостојна изложба на писателот и професор Владимир Мартиновски која ќе се отвори во четврток (7 март) го Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во изложбата се вкрстуваат две негови пасии: музиката и сликарството. Изложбата е сочинета од дигитални графики, акрилици на платно и хартија, како и неколку акварели, чии заеднички именител е доживувањето на музиката. Сликите во различни формати визуелно го слават чинот на музицирање, пишува во најавата.

Отворањето ќе биде во 19 часот, а делата ќе може да се видат до 20 март 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.