Сабота, 19 октомври

Музеј на македонската борба, 20 часот

КОНЦЕРТ НА

Лазар Соколов – саксофон
Емилија Кабранова Филипова – пијано

Програма: К. Болинг, Д. Бужаровски, Ж. Лело, И. Пејовски, Р. Молинели, П. Итуралде

Лазар Соколов (1987) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје кај проф. м-р Стојан Димов, а во 2012 година се стекнува со звање магистер по кларинет. Во 2021 година започнува додипломски студии за саксофон кај проф. м-р Нинослав Димов.

Соколов редовно посетува семинари кај реномирани педагози и изведувачи од Европа, како Никола Балдеру, Силви Хју (Париз), Карел Дохнал (Прага), Игор Франтишак (Острава) и други. Успешно учествувал на државни и меѓународни натпревари, а од 2010 година активно учествува во концертниот живот во Македонија и надвор од неа. Својата десетгодишна концертна и педагошка дејност ја одбележува со пет концерти низ Македонија.

Од 2015 година е член на триото „Ад либитум“ со флејта, кларинет/саксофон и пијано, со кое настапува на концерти и фестивали низ Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Албанија. Триото го издаде својот прв ЦД во 2020 година.

Емилија Кабранова Филипова (1983) дипломира на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на проф. Стела Слејанска. Таа е добитник на прва награда на меѓународниот натпревар за пијанисти „Интерфест“ – Битола, трета награда на меѓународниот натпревар „Ровере д’оро“ во Сан Бартоломео, Италија, и прва награда на конкурс по полифонија на ФМУ.

Посетувала мастер-курсови кај проф. Ахилес дел Вињ (Белгија), Андреј Диев (Русија), како и летната музичка школа во Варна, Бугарија, под водство на проф. Михаел Келер (Германија), и учествувала на „Варненско лето“. Таа има изведувано соло и камерни рецитали на манифестации како „Прилепско лето“, „Штипско лето“ и „Денови на македонската музика“.

Од 2005 година работи како професор по пијано и корепетитор во ДМУЦ „Тодор Скаловски-Тетоец“ – Тетово и во ДМБУЦ – Скопје. Со своите ученици учествува на натпревари во Србија (Белград, Пожаревац, Ниш, Аранѓеловац, Сремска Митровица, Ваљево), Косово (Приштина) и Бугарија (Софија, Стара Загора). Таа е пијано соработник со хорот „Менада“, со кој настапила низ Македонија и во Албанија (Драч, Скадар, Тирана).

Од 2011 година работи во ООМУ „Владимир Арсовски“ – Неготино. Настапувала камерно во дуо со сопран и виолина, реализирајќи концерти во Велес и Попово, Бугарија, а настапувала и во трио со виолина и сопран на концерти во Неготино, Виница, Велес и други градови. Во 2014 година настапила со ова трио на „Културно лето Карпош“ во Скопје. Таа е официјален корепетитор на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ и меѓународната кларинет академија „Clarus“ – Охрид. Исто така, соработува со ООМУ „Лазо Мицев-Рале“ – Кавадарци како пијано придружник.

Од 2015 година настапува во триото „Ад либитум“ со флејта и кларинет (саксофон), со кое реализира настапи низ Македонија (Кавадарци, Штип, Велес, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Струмица), како и на меѓународни фестивали во Србија („Врњци“ – Врњачка Бања), Хрватска („Омишко лето“) и Бугарија („Balchik classic days“). Триото има снимено ЦД во студиото на М1.

Кабранова Филипова е член на квинтетот „Pezzanov Piazzolla Project“, со кој настапува двапати во Струмица, Велес, Неготино и на Skopje Street Music Festival. Во 2020 година реализира серија соло концерти со проектот „Музика од вода“, изведувајќи композиции за соло пијано инспирирани од вода. Исто така, настапува со проектот „Jazz and between“ во Кичево и Неготино и со „Toot quartet“, изведувајќи дела од Клод Болинг.

Влезот на концертот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.