Кинотеката, традиционално по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Оваа година, Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година.

Утре (26 мај) во 12 часот во Кинотеката свечено ќе им биде врачена наградата на годинешните лауреати.

Филмографија на Тонкица Митровска:

1976: СТОП (соработник)

1977: АДАМ (5 ДО 12) (соработник)

1977: СТРЕЛБИ (соработник)

1978: БУКВАР ЗА ПИСМЕНИ (соработник)

1978: ПОВЛЕЧИ – ПОТЕГНИ (соработник)

1979: ЛУДА ПТИЦА (соработник)

1979: ПОСЛЕДНИОТ ПРОЗОРЕЦ (соработник)

1980: ЦРНО ЗНАМЕ (соработник)

1980: ХОМО ДОГМАТИКУС (соработник)

1980: ПАРАБОЛА (соработник)

1980: РАКА (соработник)

1982: АФИРМАЦИЈА (соработник)

1982: ДЕМАГОГ (соработник)

1982: ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (соработник)

1983: ПЕЦКО – ЕДЕН ДЕН ЖИВОТ (соработник)

1983: ПЕЦКО – НАФТЕН ДЕРИВАТ (соработник)

1985: EPUR SI MUOVE (СЕПАК СЕ ДВИЖИ) (соработник)

1986: НАПРЕД – НАЗАД (соработник)

1986: ТОА Е МОЈОТ ЖИВОТ (соработник)

1988: ЛЕОНАРДО – ПРОШЕТКА (сценографија)

1988: ЛЕОНАРДО – НАСТИНКА (сценографија)

1988: ЛЕОНАРДО – ТВОРЕЦ (сценографија)

1988: (НАЈ)ТЕШКОТО (соработник)

1995: КРАЈ (режија, сценарио, сценографија)

ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ (р. 1946) е композитор и автор на филмска музика. Дипломира на Музичката академија во Белград. Како автор на музика, се јавува во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број тв филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски престави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: ), за музиката во филмот СРЕЌНА НОВА ’49 – ги освојува наградите „Златна арена“за оригинална филмска музика на ФФ во Пула (1986) и Бронзена плакета „Милтон Манаки“ за музика на ФФ во Битола (1986)а добитник е и на три златни ловорови венци на МЕС – Сараево, за театарските престави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; добива и награда на критиката на Вториот интернационален фестивал во Мексико Сити за најдобра музика за преставата „Шехерезада“; потоа, на театарските игри „Војдан Чернодрински“, добива награда за музиката во театарската престава „Старите фотографии“, итн.

Константинов има богат опус и во компонирање музика за телевизиски филмови и серии, каде што е ценет како исклучителен автор-соработник на врвни режисери од земјата и регионот.

Избрана филмографија на Љупчо Константинов:

1977: ГРАДЕЖНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „МАВРОВО“ (избор на музика)

1977: ТУЛГЕШ (музика)

1977: ВИНОЈУГ (избор на музика)

1978: ОТПОР (избор на музика)

1979: РАКУВАЊА (избор на музика)

1979: ЕЖЕН ГИЛВИК (музика)

1979: ГЛАВА (музика)

1980: ХОМО ДОГМАТИКУС (избор на музика)

1980: КРВТА НА МОРЕТО (СУНЃЕР) (избор на музика)

1981: ЦРВЕНИОТ КОЊ (музика)

1982: ДЕМАГОГ (избор на музика)

1982: ЈУЖНА ПАТЕКА (музика)

1982: МИСТЕРИОЗНИОТ ПРЕДМЕТ (музика)

1983: ПАТ ЗА УМОР (избор на музика)

1983: ВИНОВНИК (избор на музика)

1984: НЕЛИ ТИ РЕКОВ (музика)

1985: А (музика)

1985: АНГРОИНЖЕНЕРИНГ (музика)

1986: СРЕЌНА НОВА ‘49 (музика)

1987: ХАЈ-ФАЈ (музика)

1991: ТЕТОВИРАЊЕ (музика)

1993: МАКЕДОНСКА САГА (музика)

1995: АНГЕЛИ НА ОТПАД (музика)

1997: ПРЕКУ ЕЗЕРОТО (музика)

1999: ВРЕМЕ, ЖИВОТ (музика)

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски-Доре; монтажерите Димитар ГрбевскиСпасе Тасевски и Олга Лукова-Дончиќ; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.