Пехчевската поетеса Габриела Костадинова освои златен медал на Меѓународниот фестивал на ромска поезија, проза, афоризам и сатира во Белград, кој се одржа во рамки на одбележувањето на 8 Април – Светски ден на Ромите.
Голема благодарност до Здружението на ромски книжевници, до претседателот Јовановиќ и до жири комисијата за доделената награда. Чест ми е што учествував на овој настан, на кој како претставник од Македонија го добив највисокото одличје, истакна Костадинова по повод добивањето на наградата.
Во рамки на настанот беше промовирана Антологија на ромска поезија во која се застапени три нејзини песни преведени на ромски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.