Здружението на џез музичари по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30 април пред Платото пред Филхармонија. Настанот започнува од 14 часот, па се до доцните вечерни часови. Ќе настапат следниве музичари: Џоле Грујовски – Resonance, Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски, SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски, CuckooRack aka Bopers, Тони Китановски.
Музиката има моќ да нè обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување – велат од ЗЏМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.