Во четврток во 13 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи вториот, од циклусот разговори насловени „Збор, два за музиката“ на кој ќе говори финскиот композитор Калеви Ахо, Неговиот Концерт за алт флејта и гудачи ќе ја доживее својата светска премиера на утрешниот концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“.

Модератори на разговорот ќе бидат Симона Гајдоска (продуцент и композитор) и Ангел Спироски (композитор и диригент).

Калеви Ахо (1949) е фински композитор, кој во своето творештво има дела напишани во различни стилови – од неокласицизам, до модернизам и постмодернизам. Поради неговата „иронична“ употреба и мешањето на различни стилови и жанрови во музиката што ја пишува, го споредуваат со Густав Малер и Алфред Шнитке.

Концертот за алт-флејта го напишал по иницијатива на романскиот флејтист Матеј Јоакимеску.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.