Збирка избрани песни од Јулијана Величковска со наслов „Кутија на стравот“ е објавена во Азербејџан. Преводот од англиски на азербејџански е на Елјан Салмангизи, уредник на изданието е Ферид Хусеин, кој го напиша и предговорот кон книгата. Изданието е на издавачката куќа „Зардаби“ од Баку.
Јулијана Величковска е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Авторка е на стихозбирките „Комарци“ и „Отворена книга“, на романот „Годишни времиња“, на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев, за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница на меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“, на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“, како и на повеќе од триесет книжевни преводи од англиски, од руски, од српски, од хрватски и од црногорски јазик.
Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова од страна на издавачот „Ерго“ од Софија. Застапена е во неколку антологии на македонската и на современата светска поезија, како и во антологии на куси раскази. Учествувала на бројни интернационални книжевни фестивали низ Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.