На 6. Јуни, во Скопје ќе се одржи завршната Конференција на 4-годишниот Регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ – (РЕАД) финансиран од ЕУ кој имаше за цел преку културна размена во областа на книжевноста да поврзе 5 земји.
Регионалниот ЕУ проект РЕАД имаше за цел да промовира вештини за читање меѓу различните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Регионалниот проект опфати проекти од земјите: Македонија, Албанија, Косово, Србија и Турција.
Конференцијата ќе се одвива два дена, а во агендата се предвидуваат разговори со панелисти кои беа дел од проектот, а ќе говорат на најразлични теми: „Како проектот РЕАД влијае на регионот во однос на помирувањето и меѓукултурната писменост“, „Зајакнување на културниот сектор преку соработка со владините и невладините организации“, „Улогата на културата и нејзината отпорност во градењето и одржувањето на односите меѓу земјите“, „Можности за финансирање со фокус на младите“, „Вештачката интелигенција во литературата и издаваштвото“ итн.
Во првиот дел од официјалната агенда ќе се обратат: Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија – Дејвид Гир, Амбасадорката на СР Германија – Петра Дрекслер, Раководителката на Гете-институт Скопје – Катрин Оствалд – Рихтер и Проектниот менаџер на ЕУ проектот РЕАД – Марија Чорбева – Пеновска.
Проектот во периодот 2020-2024 го спроведуваше Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – ЛОЈА од Македонија, Instituti I Librit dhe I Promocionit од Албанија, Kalem Culture Association од Турција, Association Krokodil од Србија и Qendra Multimedia од Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.