Во Културно Информативниот Центар во Скопје денеска ќе биде отворена завршната изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во јули во селото Цапари, во организација на Зрно-фестивал.

Како што информираат организаторите, Зрно ја негува фотографијата на автентичен начин и годинава обедини триесетина фотографи и љубители на фотографијата од Европа и ги донесе во Пелистер, каде што редовно се одржува уметничката колонија Де Ниро.

Во периодот од 10 до 16 јули се одржаа работилници под водство на Предраг Узелац од Нови Сад, Мартина Павлоска од Милано, Италија, Јелена Белиќ од Скопје, Сашо Алушевски од Скопје, Стефан Стефановски од Нови Сад, Ивана Томановиќ од Нови Сад и Дамиан Диаконеску од Темишвар, Романија.

На изложбата ќе бидат претставени автентични, оригинални, уникатни дела од учесниците на работилниците. Како што се наведува во соопштението на организаторие, некои од фотографските техники никогаш претходно не биле изучувани и/или изложени кај нас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.