Викендов во Скопје, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа семинар „Музеј по мерка на публиката“ на кој своето знаење и искуство го пренесе Ива Валидзија вработена во Музејскиот центар за документација од Загреб.
Семинарот е дел од проектот „Едукон“, поддржан од „Хедли Траст“ од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот.
Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје.
На семинарските сесии се зборуваше за добрите практики во музеите: постојана поставка (подготовки, истражување и креирање на концептуален предлог), интервенции во постојаната поставка на музејот, современата уметност во постојаните поставки на музејот, донации за градот Загреб и нивна презентација преку музеите во Загреб, претставување на музејот преку социјалните мрежи и музејска соработка на заедничка веб-платформа.
Како што соопштуваат, учесниците биле инфромирани за работата на Центарот за музејска документација, кој е централно место за сите информации за музеите во Хрватска, а имаа можност да го посетат и Музејот на Современа уметност каде кустосот водич Бојана Јанева ја претстави изложбата на дела од Петар Лубарда и групната изложба „Пејзаж на вознемиреност“.
До сега се реализирани 8 семинари на различни теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, конзервација, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика во соработка со искусни предавачи од Балканот.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.
Следниот семинар е на 8 и 9 април.
Ива Валидзија дипломирала историја на уметност и руски студии на Филозофскиот факултет во Загреб. Од 2005 до 2008 година работи како кустос на основањето и создавањето на постојаната поставка на Музејот на град Преграда.
Од 2009 година е вработена во Музејскиот центар за документација, каде што врши стручни музејски задачи (музејско законодавство, едукација за музејски бази на податоци, лична архива на заслужни музејски работници, теренско собирање на информации за музејските збирки).
Ива Валидзија има големо искуство во домашни и меѓународни обуки, конференции и семинари во живо и онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.