Годинава Меѓународната ликовна колонија Валандово се одржа од 25 јули до 31 јули и беше подржана од Министерство за култура, Општината на Град Валандово и Домот на Културата „25 Мај”. Довербата за планирањето, изборот на уметниците како и практичниот дел околу реализирањето и изложбата беше доделено на вработените во Домот на културата заедно со Гордана Винчиќ, слободен уметник од Скопје.

На колонијата учествуваа: Гадер Хафез – Саудиска Арабија, Денис Голгота – Албанија, Гулцин Онтас – Турција, Ката Рудакова – Украина, Александра Руденко – Украина, Шкурта Хаксиу – Косово, Северине Бургас – Белгија, Ардит Боричи – Албанија, Гордана Винчиќ и Симона Манчева – домаќини.

Уметниците го посетија градоначалникот Перо Костадинов.

Самоиницијативно го изненадивме, ние уметниците ги понесовме уметничките дела со нас, ги поставивме во дворот на општината и градоначалникот заедно со вработените имаше можност лично да ги види пред изложбата. Го доживеав многу среќен како гледајќи ги делата навистина се внесува во нивната нарација и посветува внимание на секој уметник. Свесен за важноста на културниот настан од овој вид ме замоли годинава заедно со општината на Град Валандово и Домот на културата направиме пообемен план и аплицираме за средства во Министерство за култура, раскажува Гордана Винчиќ и самата ликовен уметник и учесник на колонијата.

Последниот ден од колонијата, 30 јули се одржа изложба на делата изработени на колонијата на градскиот плоштад во Валандово. Граѓаните имаа можност при својата спонтана прошетка да застанат, да ги видат делата и другаруваат со уметниците. Се заврши со прекрасни спомени, нова инспирација и познанства како за уметниците така и за граѓаните на Валандово. Домот на културата сега има во своја сопственост 20 дела изработени масло или акрил на платно, 100 х 80, подвлекуваа таа заблагодарувајќи се на  уметниците кои несебично споделиле знаење и љубов кон уметноста, директорот на Домот на културата, Деан Исоров и градоначалникот на Валандово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.