Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март со почеток во 20 часот ќе се изведе на сцената на Националната опера и Балет.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло-дизајн е Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело – Кирил Јосифов.
Во главните улоги на 7 март ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска и гостинот од Бугарија – Емил Јорданов.
Првпат во главните улоги на 8 март ќе настапат: Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и Балет.
Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.