Третото издание на „Скопски брас фестивал“ започнува денеска и ќе трае до недела. Оваа година во рамките на фестивалот ќе се одржат три концертни настани, еден семинар, детска работилница и изложба на инструменти од брендовите на „Буфет Крампон“. Како главен гостин на ова издание е светски познатото дуо „Штајнер/Хохвартнер“ составено од Питер Штајнер на тромбон и Констанце Хохвартнер на пијано, информираат од Здружението „Макбрас асоцијација“.

Питер Штајнер е предводник на новата генерација на тромбонисти, а како член на ова дуо има одржано повеќе од 100 концерти во САД, Австрија, Тајланд, Јапонија, Германија и други земји. Победник е на натпреварот „Чајковски“ во Русија, а има настапувано како солист со оркестрите Марински и симфонискиот оркестар на Рио де Жанеиро. На 23 години се вработува во престижната Виенска филхармонија, а настапува како прв тромбонист со најдобрите оркестри како Минхенска, Њујоркшка, Дрезденска филхармонија, како и со симфониските оркестрите на БиБиСи и Далас. Својата едукација ја добива на факултетите во родното Болцано и на познатиот „Моцартеум“ во Салцбург, а се дообразува на најпрестижниот музички факултет во Њујорк, Џулијард. Покрај концертот, дуото ќе одржи и семинар во сабота, се додава во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.