„Фамилија Адамс“ е насловот на претставата што ансамблот на Драмски театар Скопје започна да ја подготвува денес. Имагинарната Фамилија Адамс се најпознатите ликови што ги креирал американскиот писател и карикатурист Чарлс Самјуел Адамс, познат по користењето на црниот хумор.
Претставата ќе ја режира Теа Беговска, сценографијата е на Никола Пијанманов, костимите ги креираат Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев. Автор на музиката е Енес Беговски, а за кореографијата е задолжен Бојан Лазаров. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев и суфлер Жаклина Цветковска.
Ликовите во претставата „Фамилија Адамс“ ги играат актерите на Драмски театар Скопје:
ГОМЕЗ АДАМС – Предраг Павловски,
МОРТИША АДАМС – Трајанка Илиева Вељиќ
БАБАТА – Гордана Ендровска
ВЕНЗДЕЈ АДАМС – Нина Елзесер
ФЕСТЕР АДАМС – Сашо Тасевски
ПАГЗЛИ АДАМС – Томислав Давидовски
ЛУКАС, момчето на Венздеј – Марјан Наумов
ДЕБИ, бившата љубов на Фестер – Емилија Мицевска
ТАТКОТО на Лукас – Златко Митрески
МАЈКАТА на Лукас – Маја Вељковиќ Пановска
Изведбата на „Фамилија Адамс“ е планирана за 25 декември и тоа ќе биде четвртата премиера од почетокот на годината. Претставата се реализира од сопствени средства на Драмски театар Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.