Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција рече дека буџетот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година изнесува 1.053.000.000 денари. Најмногу средства за оваа годишна програма се издвоени за музичка, издавачка и драмската дејност. Резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година се објавени на веб-страницата на Министерството за култура.
Тоа е, како што рече, 66 милиони денари повеќе за оваа намена од средствата што беа на располагање за проектите за 2021 година.
Оваа година конкурсот за првпат беше реализиран преку електронска апликација. Во системот се евидентирани 3.769 валидни пријави кои автоматски добија архивски број.
Како што посочи министерката, преку националните установи од областа за заштита на недвижното културно наследство за 2022 година од областа на културата доделени се вкупно 80.674.188 денари за реализација на бројни проекти за заштита на културното наследство.
Од областа на Музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство за 2022 година во програмата 24 национални установи вкупно додеделени се 24.723.200 денари, а се предвидени бројни проекти, како што е конзервација и реставрација на 122 ликовни дела, слики, цртежи и акварел од спомен куќата на Лазар Личеноски, реализација на проект за конзервација и реставрација на делата од коелкцијата на НУ Музеј на современа уметност, опремување на изложбен простор во споменикот Илинден односно Македониумот, подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врвиник во Струга, заштитни археолошки истражувања на локалитетот во Валандово и други.
Од областа на издаваштвото, согласно приоритетите, Костадиновска-Стојчевска рече дека членовите на Комисијата акцентот го ставија на проекти на домашни автори, пред се жени автори, млади автори, квалитетни проекти на автори кои досега не биле поддржани, но и поддршка на лицата коишто досега не користеле буџетски средства.
На проектите се вклучени и лица со посебни потреби, како и маргинализирани групи. Се внимавало да бидат застапени повеќе жанрови, како и повеќејазични, но и двојазични изданија.
Во системот се евидентирани 3.769 валидни пријави кои автоматски добија архивски број. По административната проверка на доставената документација службите констатираа дека поголем број од пријавените, речиси две третини се пополнети со техничлки пропусти. Од тие причини, рокот за пријавување беше два пати продолжен. Тоа подразбираше дека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени наместо да 20 јануари, најдоцна до средината на февруари, рече министерката.
Министерката додаде дека им е дадена предност на домашната жива култура, а запазени се и други приоритети, односно дадена е поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или лица со псоебни потреби. Комисиите внимавале да поддржат проекти и на апликанти кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството.
Костадиновска-Стојчевска рече дека се поддржани и голем број проекти во кои до израз доаѓа интеркултурноста, а еднакво се водело сметка и за родовата застепеност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.