До крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2024), во редакцијата на организаторот пристигнаа рекордни 43 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат, соопштија од издавачката куќа „Антолог“ која ја доделува наградата „Драги“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

Тричлената комисија за доделувањето на наградата годинава ќе ја сочинуваат д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Зорица Николовска (редовен професорор на Катедрата за германски јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Владимир Јанковски (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“).

Во конкуренција за наградата се 40 преведувачи, што е повеќе од минатата година. Книгите се објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 18 различни јазици.

Опфатени се четириесет странски автори од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, драми. Сето тоа сведочи за разгранета и опсежна преведувачка продукција, но и за многу силна конкуренција, соопштија од „Антолог“.

Ова е комплетниот список на пристигнати дела:

1. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година;

2. Ана Неверова-Христова и Филип Христов за преводот од руски на „Злосторство и казна“ од Фјодор М. Достоевски, издание на Антолог, 2024 година;

3. Горјан Костовски за преводот од англиски на „Страв од разделба“ од Гевин Бредли, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година; (ПДФ)

4. Дарко Спасов за преводот од словенечки на „Агни“ од Борут Крашевец, издание на Чудна шума, 2023 година;

5. Диана Николовска за преводот од англиски на „Оџачарот“ од Џонатан Оксие, издание на Чудна шума, 2023 година;

6. Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година;

7. Ѓорѓи Крстевски за преводот од руски на „Паѓаат старци“ од Данил Хармс, издание на Бегемот, 2024 година;

8. Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година;

9. Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година;

10. Ели Пујовска за преводот од холандски на „Несреќникот“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 година;

11. Ели Пујовска за преводот од холандски на „Пена и пепел“ од Јан Јакоб Слауерхоф, издание на Макавеј, 2023 година;

12. Емилија Мајсторова Стојановска за преводот од грчки на „Момчето од ложата“ на Ангелики Дарласи, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)

13. Живко Грозданоски за преводот од италијански на „Пред да падне ноќ“ од Силвија Векини, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)

14. Звонко Димоски за преводот од полски на „За кентаурите“ од Зузана Гинчанка, издание на Ма продукција, 2024 година (ПДФ);

15. Златко Панзов за преводот од унгарски на „Деветтиот живот на принцот на мачките“ од Дора Гимеши, идание на ИД-Концепт консалтинг и дизајн, 2024;

16. Ивица Челиковиќ за преводот од шведски на „Големиот банкет“ од Сара Бергмарк Елфгрен, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)

17. Игор Поповски за преводот од шпански на „Смрт на Андите“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;

18. Игор Поповски за преводот од шпански на „Тетка Хулија и скрибоманот“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;

19. Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година;

20. Искра Бадева за преводот од норвешки на „Историја на пчелите“ од Маја Лунде, издание на Антолог, 2023 година;

21. Искра Бадева за преводот од норвешки на „Распарчени“ на Хилде Микелбуст, издание на Бата прес, 2024 година; (ПДФ)

22. Јелена Милошевиќ за преводот од англиски на „Нешто неочекувано“ од Кејт Шопен, издание на Ј. Милошевиќ, 2023 година;

23. Калина Малеска за преводот од англиски на „Мали нешта како овие“ од Клер Киган, издание на Артконект, 2023 година;

24. Катарина Ѓурчевска Атанасовска за преводот од англиски на „Даблинци“ од Џејмс Џојс, издание на Макавеј, 2023 година;

25. Катерина Шекутковска за преводот од германски на „Мачката Елеонора“ од Карен Јес, издание на Илика, 2024 година;

26. Катица Гароска Ацевска за преводот од француски на „Ти си поезија“ од Патрис Павис, издание на Перун артис, 2023 година;

27. Лидија Војноска Христоска за преводот од англиски на „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс, издание на Арс Либрис, 2023 година;

28. Лидија Димковска за преводот од романски на „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку, издание на Чудна шума, 2023 година;

29. Лидија Танушевска за преводот од полски на „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ oд Дионисиос Стурис, издание на Славика либрис, 2023 година;

30. Маја Лазаревска за преводот од бугарски на „Трошки на хартија“ од Марија Росен, издание на Артконект, 2023 година;

31. Маја Стојаноска-Филдишев за преводот од англиски на „Град во облаците“ од Ентони Дор, издание на Матица македонска, 2024 година;

32. Марија Николовска за препевот од француски на избор песни „Алексис Берно“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година; (ПДФ)

33. Милан Дамјановски за препевот од англиски на избор песни „Адам Хоровиц“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година; (ПДФ)

34. Наде Поп-Гаврилова за препевот од шпански на „Место на утопии“ од Хорхе Палма, издание на Макавеј, 2023 година;

35. Ненад Баткоски за преводот од хрватски на „Лето на езерото Чиче“ од Јасминка Тихи-Степаниќ, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)

36. Ненад Трповски за преводот од португалски на „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото, издание на Антолог, 2024 година;

37. Оливера Павловиќ за преводот од руски на „Градината“ од Марина Степнова, издание на Антолог, 2023 година;

38. Родна Русковска за преводот од шведски на „Куќа без огледала“ од Мортен Санден, издание на Чудна шума, 2024 година;

39. Сашо Огненовски за преводот од српски на „Лице од стакло“ од Марија Караклајиќ, издание на Перун артис, 2023 година;

40. Сашо Огненовски за преводот од српски на „Театар од хартија“ од Милорад Павиќ, издание на Перун артис, 2023 година;

41. Татјана Срцева Павловска за преводот од англиски на „Вини Пу“ од Алан А. Милин, издание на Макавеј, 2023 година;

42. Томе Сиљаноски за преводот од англиски на „Белешки на еден стар гад“ од Чарлс Буковски, издание на Бегемот, 2023 година;

43. Филип Димевски за преводот од полски на „Човекот каков е, секој гледа“ од Мажена Матушак, издание на Сказнувалка, 2023 година;



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.