Придружната програма ќе трае од 6-ти до 15-ти јуни и се одвива во книжарницата „Чудна шума“ и во повеќе објекти на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“: централниот објект, библиотеката „Другарче“, библиотеката „Цветан Димов“ и библиотеката „Страшо Пинџур“, каде организирани креативни работилници за деца од градинки и основни училишта ќе одржат писателката Билјана С. Црвенковска и уметниците Доротеј Нешовски, Небуше Ајети и Наташа Костовска, како и гостите од Словенија и Хрватска – писателките Ива Безиновиќ-Хејдон и Ида Млакар Чрнич и илустраторите Хана Тинтор и Петер Шкерл.

Главната програма ќе се случува во Младинскиот културен центар од 12-ти до 15-ти јуни на неколку локации – надвор на платото, во долното и горното фоаје на кино „Фросина“ и во Детскиот креативен центар.

Писателката и главна уредничка на „Чудна шума“, Билјана Црвенковска, вели: „Ова е трета година како се одржува нашиот фестивал за деца и млади и досега имаме најбогата програма. Првпат ни доаѓаат гости автори од регионот, тоа се авторките на сликовницата ‘Мојата бабичка не знае која сум’ Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор од Хрватска и авторите на сликовницата ‘Овде, во близина, живее едно девојче’ Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл од Словенија, кои се познати и признаени автори за деца чии книги се наградувани и преведувани низ Европа и пошироко.“

Промоцијата на овие две сликовници и гостувањето на авторите од Словенија и Хрватска е дел од тригодишниот проект „Млади европски приказни“ на издавачката куќа „Чудна шума“ за превод и циркулација на книжевни дела ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија. Фестивалот е делумно поддржан и од Министерството за култура на Р.Македонија.

„Покрај гостите, на фестивалот ќе имаме многубројни промоции на книги од домашни автори и креативни работилници со реномирани писатели и уметници“, продолжува Црвенковска. „Тука се авторите и уметници Ана Јовковска, Катерина Николовска, Александра Симова Клинчарова, Хари Дудески, Иванка НиБа, Ванчо Полазаревски, Наташа Костовска, Неше Рамовиќ, Марија Петровска, Сања Арсова, Маја Андоновска, Доротеј Нешовски, Небуше Ајети, Искра Димковска, Ника Гавровска… Ќе се претстават и други издавачки куќи освен Чудна шума, како Сказнувалка, Едиција Светулка, Гаврош, Темплум… Ќе имаме изложба на илустрации на Иванка НиБа, Владимир Лукаш, Давор Кешкец, Катерина Николовска, Петер Шкерл и Хана Тинтор, а дел од уметниците ќе творат “во живо” и во нашето уметничко катче. Ќе имаме и две трибини на многу важни теми кои нѐ засегаат сите – и децата и возрасните, за музиката ќе биде задолжен Ненад Тонкин, а конечно ќе се случи и промоцијата на мојата книга ‘Земјата на заборавените сказни’, драмски текст напишан по идејата која ја развивме заедно со Симон Трпчески, а ја илустрираше Оливер Коларевски. Извадоци од книгата ќе чита и младата Лара Трпческа“ – дополнува Црвенковска.
Придружна програма во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“:

6 јуни, библиотека „Браќа Миладиновци“ – креативна работилница со Доротеј Нешовски „Во светот на природата“ (сликаме животни и бубачки од гипс)

7 јуни, библиотека „Цветан Димов“ во Чаир – креативна работилница со Небуше Ајети „Мојата омилена книга насликана на маичка“ (работилница за сликање на маички – на македонски, албански и турски јазик)

10 јуни, библиотека „Другарче“ – креативна работилница со Наташа Костовска – „Направи си своја кукла“ (работилница за изработка на кукли од чорапи)

11 јуни, библиотека „Страшо Пинџур“ – објект Кисела вода – читање и креативна работилница со писателката Билјана С. Црвенковска „Нела Смела и Бушавата Бура“

13 јуни, библиотека „Браќа Миладиновци“, читање и работилница „Мојата бабичка не знае која сум“ со Ива Безиновиќ Хејдон и Хана Тинтор

14 јуни, читање и работилница, библиотека „Браќа Миладиновци“, „Овде, во близина, живее едно девојче“ со Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл

Во книжарницата „Чудна шума“, на 8 јуни, сабота, од 12:00 – 13:00 часот, ќе се одржи читање и креативна работилница за деца со писателката Билјана С. Црвенковска инспирирана од книгата „Земјата на заборавените сказни“. Возраст: 6+
Број на учесници: 8

 

Главна програма во МКЦ:
На 12 јуни, среда, ќе биде официјалното отворање на фестивалот и ќе се одржат следниве настани:

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Доротеј Нешовски, „Во светот на природата“ (сликаме животни и бубачки од гипс)

18:00 Официјално отворање на фестивалот

18:00 – 19:00 Читање и работилница „Љубов во топка“ со авторките Ана Јовковска и Иванка НиБа, модератор: Билјана Црвенковска (Едиција Светулка)

Креативна работилница со Иванка Ниба, Возраст: 6+

19:00 – 20:00 Промоција на книгата „Прастари сказни за херои, чуда, чудесии и чудовишта разни“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска. Промотор: Билјана Црвенковска (Чудна шума)

18:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Владимир Лукаш

 

12 – 15 јуни – изложбен дел:

Изложба на илустрации од илустраторите Петер Шкерл, Хана Тинтор, Катерина Николовска, Давор Кешкец, Владимир Лукаш

Изложба на илустрации на илустраторката Иванка НиБа
Изложба на кукли од уметницата Наташа Костовска

 

13 јуни, четврток
16:00 – 17:00 Трибина „Различни и прекрасни: потребата за инклузивна книжевност за деца и млади“ (учесници: Билјана Црвенковска, Искра Димковска, Никола Гелевски, Денис Јанкуловски)

17:00 – 18:00 „Работилница за (скоро) сите сетила“ инспирирана од книгата „Лола и јас“ со Искра Димковска (издавачка куќа Сказнувалка)

18:00 – 19:00 Промоција, читање и работилница „Мојата бабичка не знае која сум“ со Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор. Модератор/промотор: Ана Јовковска. На македонски ќе чита: Анастасија Ласовска

Креативна работилница со Хана Тинтор, возраст: 7+

19:00 – 20:00 Промоција и читање на книгата „Земјата на заборавените сказни“, учесници: Билјана С . Црвенковска, Симон Трпчески, Оливер Коларевски, Лара Трпческа. Промотор: Ана Јовковска (Чудна шума)

18:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Давор Кешкец

19:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Хана Тинтор

 

14 јуни, петок
17:00 – 18:00 Креативна работилница со Небуше Ајети „Направи си своја маичка“ (сликаме уметнички дела на маички) – на македонски, албански и турски јазик

18:00 – 19:00 Промоција, читање и работилница „Забранетата соба“ со авторите Александра Симова Клинчарова и Хари Дудески. Промотор: Оливија Георгиевска. Извадоци ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума)

Креативна работилница за цртање „страшни ликови“ со Хари Дудески. Возраст: 7+

19:00 – 20:00 промоција, читање и работилница „Овде, во близина, живее едно девојче“ со авторите Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл и преведувачот Дарко Спасов. Модератор/промотор: Ана Јовковска. На македонски ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума)
Креативна работилница со Петер Шкерл. Возраст: 7+

17:00 Hahnemühle Art Corner со Петер Шкерл

 

15 јуни, сабота
11:00 – 12:00 Претстава, читање и работилница „Кралот кој имаше од сѐ по многу“ со Искра Димковска (издавачка куќа Сказнувалка)
Возраст: 6+

12:00 – 13:00 Креативна работилница „Магичното писмо“ со илустраторката Иванка НиБа и авторката Неше Рамовиќ (Едиција Светулка)
Возраст: 5+

12:00 – 13:00 Креативна работилница со авторката Марија Петровска – „Ги боиме чувствата“ – инспирирана од сликовницата „Прстот што бои сино“ (Едиција Светулка)
Возраст: 6+
13:00 – 16:00 Креативно катче за деца – слободни активности (цртање, боење)

13:00 – 16:00 Креативно катче за деца – слободни активности (цртање, боење)

16:00 – 17:00 Трибина „Светот на нашите баби и дедовци: минливоста, смртноста и развивањето емпатија кон постарите лица во книжевноста за деца и млади“ со Ника Гавровска, Ива Безиновиќ-Хејдон, Билјана Црвенковска…

17:00 – 18:00 Читање и работилница за деца „Старецот и глушецот“ со Ника Гавровска (Издавачка куќа Гаврош). Возраст: 5+

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Наташа Костовска – „Направи си своја кукла“ (изработуваме кукли од чорапи). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Читање на сликовницата „Беззборовната Ела“ и креативна работилница за деца со Билјана С. Црвенковска. Извадоци ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Креативна работилница „Мали диви детективи“ со Сања Арсова и Маја Андоновска – учиме Морзеова азбука и решаваме лавиринти (Едиција Светулка)
Возраст: 7+

19:00 – 20:00 Промоција, читање и работилница „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска. Промотор: Билјана Црвенковска (Чудна шума)
Креативна работилница со Катерина Николовска. Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Хана Тинтор

 

Саемски дел
Во МКЦ ќе се продаваат изданијата што ќе бидат промовирани на фестивалот од издавачките куќи Чудна шума, Сказнувалка, Гаврош, Едиција Светулка, Темплум…, како и уметничките хартии и скицници на германскиот бренд Hahnemühle.

За музичкиот избор и весела и разиграна атмосфера ќе се погрижи Ненад Тонкин.

За сите креативни работилници од отворен тип во МКЦ и во книжарницата Чудна шума е потребно пријавување на е-пошта: [email protected] За работилницата во „Чудна шума“ бројот на деца е ограничен на 8, додека работилниците во МКЦ се со ограничен број од 15 деца-учесници. При пријавувањето, сите заинтересирани треба да го напишат името и возраста на детето и за кои работилници се пријавуваат, а секој учесник може се пријави за повеќе денови и за повеќе работилници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.