Mеѓународниот филмски фестивал „Pреку езерото„ од 19 до 23 јули годинава по втор пат ќе се одржи на брегот на Дојранското езеро.
Со проекции на 5 долгометражни и 9 краткометражни филмови, фестивалот кој е единствен од ваков тип во Македонија, ќе понуди одлична програма за сечиј вкус. Иницијативата замислена од филмскиот режисер и продуцент, Јани Бојаџи, веќе прераснува во етаблиран фестивал на балкански и медитерански филм, во кој се разработуваат теми кои го карактеризираат духот на медитеранот, културата, уметноста и традицијата на медитеранските земји.
„Преку езерото“ е меѓународен филмски фестивал што по втор пат ќе се одржува на брегот на Дојранското Езеро. Второро издание на фестивалот на медитерански и европски филм ќе се одржи годинава од 19 до 23 јули.
Фестивалот, како што велат организаторите, кој е единствен од ваков тип во Македонија, годинава оформува три официјални селекции во кои ќе се прикажат повеќе од десет кратки и долгометражни филмови од автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските земји.
„Дојран филм фестивал, како фестивал на медитеранскиот филм има за идеја ‘преку езерото’ да ги собере луѓето со слободен дух, луѓето кои меѓу себе ќе ги споделат вредностите на културата, уметноста, особено за филмот како популарна уметност, филмот како уметност што зборува со свој јазик, а кој сите го разбираат“, вели Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент, како и иницијатор на фестивалот.
Бојаџи вели дека фестивалот освен што е посветен на филмот, тој е фестивал на слободата што треба да „ги премине границите преку езерото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.