Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“. По тој повод во петок (19 април) со почеток во 10:00 часот во КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО за сите сите заинтересирани институции, организации и физички лица ќе се одржи информативната сесија и презентација за проектот, која може да се следи и онлајн со регистрирање преку платформата „Зум“ на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwoc-2trTMrG9XSvaMvzKnQLNF197l6hIsF.
Целта на повикот е да се поттикнат активностите на културниот и на креативниот сектор со цел подобрување на вештините, знаењата и пристапот до финансиска поддршка во насока на зголемување на конкурентноста и одржување на копродукцијата и циркулацијата на услуги во Западен Балкан.
Проектот започна во април 2022 година и е со времетраење од 48 месеци. Во овој период проектот вклучува низа активности, како што се: техничка поддршка за анализа на податоци и управување со секторот култура, градење капацитети за креирање политики и регионални размени, воспоставување јавни/приватни партнерства за промовирање на културната и креативната валоризација на јавните простори, програми за културни лидерства, поврзување на независните медиумски портали во насока на создавање и споделување на културните содржини во регионот, механизми за стимулирање на приватното финансирање, мали проекти за заштита на културното наследство во насока на зајакнување на учеството на локалните заедници и споделување на добри практики во регионот и со земјите членки на ЕУ.
Повикот, критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:
– за институции и организации: www.bit.ly/3ITpCdJ, со рок за поднесување најдоцна до 27 мај 2024 година;
– за мали грантови за физички лица: www.bit.ly/4axMUBY, постојано отворен за аплицирање сѐ до 31 декември 2025 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.