Вториот концерт на меѓународниот фестивал на класичната камерна музика „СКУПИ КамерФест“ – петто издание ќе се одржи вечер во Филхармонија.

Како што информираат организаторите, на концертот насловен „Balkan Art Stage“ ќе учествуваат 12 инструменталисти од осум различни балкански земји.

Меѓу нив се Љубиша Јовановиќ (Република Србија); Марија Ѓошевска; Гиота Ксенариоу (Република Грција); Бојан Илкоски; Невила Калаја (Република Албанија); Сихана Бадивуку; Рон Бакали (Република Косово); Сандра Белиќ (Република Србија); Милан Нинковиќ (Република Србија); Стефанија Јанкова (Република Бугарија); Ева Радоми Караџа (Република Босна и Херцеговина); Блерим Груби.

На програмата на овој концерт се дела од творечкиот опус на композиторите Моцарт, Бетовен, Борн и Шуман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.