Театарот е непроценлив дел од нашето културно наследство и игра клучна улога во обликувањето на општеството, вели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, обраќајки им се на театарџиите кои денеска го слават 27 март, Светскиот ден на театарот.

Вашата сцена е моќна за да ги изразите нашите заеднички перспективи, да иницирате дијалог и да поттикнете емпатија. Вие знаете како умешно да ги оживеете приказните и преку својот јазик, драма и музика, имате способност да ги надминувате бариерите и да ги поврзувате луѓето.

Во време кога пред светот се надвиснати предизвици, театарот се покажа како светилник на надеж и издржливост. Духот на театарот никогаш нема да престане да живее и да создава, вели Костадиновска Стојчевска во обраќањето.

Таа му оддава признание на Факултетот за драмски уметности, но и на сите актери, драматурзи, режисери, сценаристи, театарски работници – и нивната посветеност, талент и креативност и тие го заслужуваат најголемиот аплауз.

Ние знаеме како да го направиме театарот платформа за подигање на свеста за важните општествени и социјални прашања. Затоа сите ние како публика мораме да ја вкусиме магијата и да ја осетиме моќта на театарската сцена, вели Костадиновска Стојчевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.