Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината, Францускиот институт во Скопје во соработа со фестивалот Млад отворен театар – МОТ организираат несекојдневна интерактивна претстава наменета за широка публика.
Претставата која беше апсолутен хит на најголемиот европски театарски фестивал во Авињон во 2022 година, ќе биде дел од програмата на 49. издание на МОТ!
“SCREENAGERS Vol.2” е своевиден “направи сам” иновативен и интерактивен спектакл кој се обраќа на младите. Претставата ја опфаќа темата за зависност од мобилните телефони, видео игрите и технологијата. Со доза иронија и на мошне комичен начин, “Screenagers Vol.2” ја прикажува сеприсутноста и влијанието на интернетот врз квалитетот на животот.
Денсинг сала на МКЦ, вечерва, со почеток во 19:00 часот.
Премиер Стратежем (Франција)
Автор и режија: Џузепе Кико, Барбара Матијевиќ
Играат:
Луси Дордоањ (или Барбара Матијевиќ)
Концепт, режија и текст: Џузепе Кико, Барбара Матијевиќ
Музика: Ненад Ковачиќ
Технички директор: Виктор Красниќ (или Стефане Леклер)
Дизајн на светло: Марино Франкола
Техничар за светло: Саша Фистриќ (или Гуиљом Нимецки)
Анимација: Мартина Ливовиќ, Џузепе Кико
Видео: Џузепе Кико
Концепт и развој на дигитална апликација: Пјер-Ерик Лефевр
Програмирање: Дубравка Шпољариќ
Извршен продуцент, дистрибуција, PR: Силвија Стипанов
Администрација, продукција, развој и дистрибуција: Bureau de production Retors particulier
Развој и менаџмент: Марго Кенеерве
Администрација: Нолвен Морне
Продукција и комуникација: Клои Беас
Продукција: Artistic organisation OMNIBUS, Premier Stratagème
Копродукција: Théâtre de Choisy-le-Roi
Партнери: Museum of Contemporary Art Zagreb, Ganz New Culture of Change, Zagreb Dance Centre, Centar KNAP – Theatre KNAP
Поддржано од: DRAC Ile-de-France, Croatian Ministry of Culture and Media, City of Zagreb, European mobility program i-Portunus Houses
„Скринејџери, втор дел“ е рефлексивен мјузикл во аматерска форма, каде што пристапот кон пишување на музиката е од прва рака и во прво лице. Изведувачот ни претставува еден интимен компендиум на песни за опскурни емоции, за кои што може да каже дека ги чувствува, но за кои и не може да најде соодветен збор во секојдневниот живот.
Нејзината мисија е низ песна да ги долови болките, демоните, атмосферара, радостите и поривите, кои слободно талкаат во царството на нејзината психолошка внатершност – ентериер што неверојатно многу наликува на нашиот денешен медиумски пејзаж, а се материјализира на сцената во форма на QR кодови, пророчки чет-ботови и лажни зелени екрани преку кои гледачите може да имаат и интеракција со помош на нивните телефони. Земјаќи го како непобитен факт дека песните, традиционално служат како складиште на едно заедничко искуство, начин на кој би се надминала генерациската дупка, „Скринејџери, втор дел“ предлага една колекција на високо идиосинкратска фолклорна музика за дигиталното доба: светот каде што сето она што постои колабира во нешто друго во еден хаотичен потоп, неминовно споен со животот онлајн. каков траг тоа остава на нашата психа и фантазија, за да сме способни да го впиеме сето тоа „скролајќи“ надолу.
Времетраење:
65 мин.
јазик:
Англиски (интерактивен перформанс)
Претставата е распродадена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.