Денеска напладне во Прличевата одаја предавање на тема: „Генетика на телото и душата“ ќе одржи познатиот српски писател Милан Николич Изано.
Милан Николиќ Изано е автор на духовна и езотерична литература преку која со пишаниот збор допира до секоја душа и ја буди. До сега има напишано шест книги користејки најразлични кодови и шифри, така што читателот преку секоја прочитана книга, може сам да дојде до својата вистина. За себе знае да каже дека е експеримент на самиот себе на својот духовен пат и вели дека главна цел на секој човек е да се бави со самиот себе. На ова предевање ќе зборува за тоа како да бидеме емоционално интелигентни, за да можеме да го отвориме своето срце, душа и ум и да живееме поквалитатно.
Ова е второ гостување на Изано во Охрид и во Библиотеката. Во јануари 2018 година тој ги презентираше своите книги и одржа предавања на тема: „Духовност и еротика“ и „Тишината на се’ човекот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.