На 22 ноември, (петок) во 19 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Човек – муза“ од Зоран Тодороски.

Изложбата „Човек – Муза“ е едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција.

Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште во почетокот на 50- тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време. Забрзаниот развој на компјутерските ситеми овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените “Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивната намена за употреба од обичните корисници без потрбно специјална обука и поради нивната универзалност. Како и да е, самиот поим Вештачка Интелигенција, нејзините можности, достапността и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија за оние по упатените во технологијата поради одсуството на информативен медиум што би ја запознал генералната јавност.

Едукативната изложба има за цел да ги презентира некои од можностите на вештачката интелигенција кои се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник. Кратко, со присуството на оваа едукативна изложба посетителот ќе се стекни основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка.На настанот е планирано наколку кратки излагања од организаторот и истакнати експерти кои во релаксирана атмосфера ќе ги запознаат со историјата, клучните моменти во развојот како и начинот на функционирање на техничко ниво. Планирано е да бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција пропратено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните но и ќе предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността – вели Зоран Тодороски.

Секако дека крајниот збор ќе биде оставен на уметниците кои ваквиот настан го оценија како, интересен и потребен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.