Од денеска до почетокот на октомври повторно пред влезот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е отворено бесплатно книжевно катче, кое ќе функционира 24 часа.

-Лани го имавме првото  искуство од овој вид и охрабрени од позитивните реакции на домашните и странските туристи еве по втор пат се одлучивме да профункционира Отворената бесплатна библиотека, велат од оваа Установа.

Трезорот на библиотеката е богат со странска литература особено на англиски и германски јазик, но и на мноштво други  јазици.  Принципот е едноставен  гостите ќе можат да  позајмат, но и да разменат и остават свои книги  на ново изработените полици за оваа намена . Контингентот книги кој секојдневно и по потреба ќе се надополнува е составен од донации на читатели.  На овој начин на туристите ќе им се овозможи одморот да го поминат во дружба со книгата, додаваат од Библиотеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.