За Битола велат дека е најопеаниот град на Балканот. За славната конзулска Битола, од дамнина па до денес, испеани се преку тристотини песни, . Битола е градот кој на македонската музичка им ги даде Кирил Македонски и првата македонска опера „Гоце“. Маестро Георѓи Здравев, Михајло Николовски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Пепи Бафтировски, Вевки Амедов ,Тале Огненовски, Сашка Петковска, Славе Димитров, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов, Кире Костов, Петар Г. Калица, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак, Сотир Спасевски, прославениот хор „Стив Наумов“ групите: Гром, Мадригали, БТ Топ, Буба Мара,Чоканче, Фолтин, Паркети, Памперс… Големите трубачи како Гоце Димитровски, Благој Ангелевски, Ковачевски, трубачот и мулти инструменталист Вангел Мачковски, секако славејот Ајри Демировски и многи други. Да се пее за Битола, значи да се пее со љубов и болка во исто време. Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле. Од првите гајдаџии како: Тале гајдаџијата, Јован Несторов Цветковски, Трајан Димовски- Балто, до Блаже Илиев Стојановски – Пифка, можеби најпознатиот гајдаџија, па Нестор Црниот-кавалџијата, гусларите Ташку Павлов, еден слеп Русин мигрант, Коста Михајлов Најче до Апостол Секуловски, до првите клавири, па прочуениот Димитрие Лала, ученик и соработник на Риџард Вагнер, виолината на д-р Константин Робе, првите музичките кутии, првите чалгикси орекстри , еврејските орекестри како „Хатиква“ (Надеж), ромските музички тајфи, преку формирањето на Радио Битола, до првите рок паради и серенади за Битола се пее и раскажува. (користени материјали од книгата „Музика“ на проф.Александар Стерјовски).

Токму со тој повод ЈОУ КИЦ Битола ги поканува граѓаните и колекционерите кои можат да дадат свој придонес кон овој проект, насловен како „Музичка соба“ да бидат дел од истиот. Доволно е само да ги споделите своите спомени, фотографии, раритети…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.