Во Музејот на Град Скопје, денеска ќе биде отворена изложбата на македонската сликарка Надја Петровиќ, насловена „Кршливоста на светулките“, составена од дела во масло на платно во голем формат.

Авторката Надја Петровиќ во овој циклус го има изградено својот сликарски јазик во фигуративното сликарство, каде што доминираат човекот и човековата состојба како резултат на неговото дејствување. Современиот реализам и ликовната сликарска техника на фигурацијата на нејзините избрани човекови модели се темелен и студиозен приказ на актот и на неговите прекршувања, акцентирани преку апстрактни форми во однос на емоциите, идентитетот и опкружувањето.

Петровиќ е родена во Битола, во 1991 година. Ликовните афилиации уште од основното образование ги градела преку учество на уметничката манифестација „Мал битолски Монмартр“. За време на гимназиското средно образование, заминала на неколку студиски престои во Централниот колеџ за уметност и дизајн во Лондон – „Сент Мартин“.

Дипломирала во 2013 година, на одделот за сликање и цртеж на Уметничката академија во Фиренца, каде што магистрирала во 2017 година, на одделот за визуелни уметности и нови форми на уметничко изразување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.