Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект) – по текст на светски познатата француска авторка, Јасмина Реза, а во режија на Весна Петрушевска. Станува збор за еден од најпоставуваните текстови на Реза, напишан во 2006 година, за кој добива и многубројни награди. Режисерката Петрушевска го одбира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа.Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара кои ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи. Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во се поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.