Јавна расправа за Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата за периодот 2023 – 2027 година, ќе се одржи денеска 19.7.2023 (среда) во 11:00 часот во Кинотеката на Македонија.
Во насока на транспарентно донесување на овој исклучително значаен документ за културата во Република Македонија, Министерството за култура организира јавна расправа на 19.7.2023 (среда) во 11:00 часот во Кинотеката на Македонија.
Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата (2023 – 2027 г.), го изработија претставници од: јавни установи од областа на културата, високообразовни и научни установи, здруженија на граѓани од областа на културата и независната културна сцена, како и експерти од областа на културата, соопштуваат од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.