Во Кинотека на Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест“ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.

Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ. Мото на 14-тото издание на „Анимакс Скопје фест’ е „Траење…“

Директорот на фестивалот Кузман Кузмановски вели дека во речиси една и пол деценија постоење на „Анимакс“ се пријавувале илјадници анимирани филмови од цел свет и најчесто биле наградувани или селектирани во официјална конкуренција анимирани филмови кои истата година добивале Oскар или други престижни награди.

Антиципацијата за уметничкиот квалитет, универзалност и креативен потенцијал секогаш биле препознаени на „Анимакс“ од стручното жири, додава Кузмановски.

Проекциите ќе почнуваат во 20 часот. Влезот е слободен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.