„Случувањата во Самовил“ е насловена книгата за деца од Симона Ѓорѓиева, што беше промовирана вечерва во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Издавач на книгата е „Дата Песнопој“ од Битола.
Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова рече дека Симона Ѓорѓиева е млада, амбициозна авторка од Кавадарци.
Мотивите во нејзината книга се многу интересни случувања, големи желби, огромна љубов, вистински вредности, важни правила, пријателства, храбри одлуки, добри намери, упорност и милион насмевки. Ете тоа е местото Самовил. Светот на самовилите, вели самата авторка, додаде Туриманџова.
Пред присутните се обрати и актерот Диме Коцевски, а актерот Видан Станоев читаше од книгата.
Авторката, меѓу другото, нагласи дека преку оваа книга, децата, се учат на вредностите во животот. Да бидат свои, храбри и упорни, да го негуваат другарството и секому да подаваат пријателска рака. Да имаат желби што ќе ги водат низ животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.