Вчера вечер во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија му беше врачена плакета за почесно членство на овогодинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата Жан Пјер Симеон. Во своето кратко обраќање, претседателот на ДПМ Живко Грозданоски се осврна и на благородното творечко кредо на лауреатот, автор на книгата „Поезијата ќе го спаси светот“, по што му го честита почесното членство. Лауреатот се заблагодари за гостопримството на Друштвото и за укажаната чест. На крајот од церемонијата пред присутните беше прочитан и извадок од творештвото на лауреатот.
По неколку изданија на СВП во кои врачувањето на почесното членство на лауреатот во ДПМ се одржуваше во хотелот „Дрим“ во Струга, од оваа година церемонијата се враќа во домот на писателите на ул. „Максим Горки“ во центарот на Скопје.
Фотографии: Филип Кондовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.