Актерката Соња Михајлова вечер во Битола на матичната сцена ќе ја одигра авторската монодрама „Куфер.МК“ во режија на Благој Мицевски.

Станува збор за проект инспириран од личните искуства на Михајлова во театарот, почнувајќи од првите денови на штитиците што живот значат, се до нејзиното пензионирање.

Во текот на овие 40 години како актер сум доживеала многу турболентни моменти и немирни времиња кои сите ние во оваа земја ги доживуваме и преживуваме. Културата, театарот, уметноста се дел од културниот идентитет на Македонија кои многупати се напаѓани на различни начини, а тие рани оставаат траги кај секој човек. Во таа смисла, претставата се однесува на она што останало како емотивен внатрешен белег од тоа што поминало во минатото, посочи Михајлова.

Народен театар-Битола паралелно со овој театарски проект се подготвува за претстојното одбекежување на јубилејот 80 години од формирањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.