Актерите на НУ Народен театар Битола, Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски, вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „Ако останеш дома“, драма во еден чин работена по мотиви на оригиналот на Карој Сакони.

Претстава зборува за отуѓеноста на луѓето, истакна во пресрет на вечерашната премиера, актерката Мирчевска.

-Ние сите го живееме својот живот, во трка по егзистенционални добра, во трка по она што ни го наметнува општеството, забораваме кои сме, забораваме кој е до нас, забораваме колку е важен тој до нас, нагласи Мирчевска, додека актерот Васко Мавровски посочи дека толкува лик, жртва на општетсвото.

Режисер на претставата е Јован Ристовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.