Во чест на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година, утре – напладне ( понеделник ) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи традиционалната свеченост посветена на книгата.
Овој датум е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор: Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.
Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.
Во нашата Библиотека во Охрид утре од 12.00 часот ќе бидат избрани најчитателите во двата оддели – за деца и за возрасни, а на над 30 охриѓани и граѓани од цела земја ќе им бидат врачени благодарници за книгите кои во текот на 2022 година ги донирале во Библиотеката.
На Светскиот ден на книгата ќе бидат соопштени најчитаните автори и наслови од домашната и светска книжевна продукција.
Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата! велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.