2023 година е прогласена за Година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање.

Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок 17 ноември од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Настанот ќе се одржи под мотото: „Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“.

Гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.

Модертор на настанот ќе биде Милчо Јованоски

Прличева одаја – петок, 17 ноември, 12 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.