Ромските проблеми се секојдневно, 365 дена во годината, а овој ден е само да се одбележи и да се укаже на значењето на овој ден. Што се однесува до областа на културата и застапеноста, секој народ секоја нација нормално аналогно на ова и ромскиот народ си има своја култура, идентитет, традиција и според тоа кога еден народ или една нација не ја одбележува или не го покажува тоа преку такви културни допирни точки, тогаш тој е невидлив за другите заедници или другите народи. Од тој аспект овдека во нашава држава можам слободно да кажам дека сме многу „тенки“ на тоа поле затоа што со години наназад ромскиот народ е заборавен на тоа поле да се идентификува преку своите културни вредности преку разни манифестации, преку разни содржини од културен аспект, а преку тоа народот си ја рефлектира и си ја кажува својата историја, култура, традиција. Секаде познато е тоа дека фолклорно кажано ромите се многу познати и музикални. Да, но од година на година баш од тој аспект згаснуваат многу музички манифестации кои порано биле доста актуелни и одеднаш ги снемува, истакна на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Ромите во минатото и сега“, актерот и водител Рамуш Муарем – Цирко.

Тој исто така потенцираше дека на територија на Македонија буквално невидливи се културните активности од видот на театарот или драмата, а за издавање на книги списанија не се ни спомнува.

За ваквата катастрофална состојба од аспект на културата Цирко упати критики до Министерството за култура кое од буџет од 33 милиони евра за ромите додели само 30-тина или 40-тина илјади евра, а со тоа се врши, како што рече, ромски културен геноцид.

„Последниот конкурс од Министерството за култура, за распределба на средства за културни активности. Од 32 или 33 милиони евра буџет, за проектите од областа на културата за ромите, од апликациите одобрени се одвај 30-тина или 40 илјади евра. Тоа е скроз невидливо или јас би рекол дека во последно време над ромската култура се прави ромски културен геноцид“, додаде Муарем – Цирко.

На панел дискусијата се обрати и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари Ерџан Демир кој исто така упати критики до Владата затоа што во последните години интеграцијата на Ромите во државата е сосема запрена, а тоа може да се види и по тоа Ромите ги нема ниту во парламентарниот состав ниту во извршната власт или другите ешалони.

„Последниве години можеме слободно да кажеме дека интеграцијата на Ромите во државата е сосема запрена и немаме никаков чекор на придвижување напред. Тоа не е заради нас туку заради актуелната власт, што значи дека самото лого со кое настапија на почетокот како „Едно општество за сите“ ние како Роми сме изманипулирани и тоа не важи за нас. Тоа важи за сите други но не и за Ромите. Тоа може да се види во составот како што е во законодавната власт, како што е составот во извршната власт и во другите ешалони, дека нас како Роми буквално не нема никаде, што порано не беше така“, истакна Демир и додаде:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.