Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Предлог – одлуката за основање Национална установа „Центар за култура на турската заедница во Република Македонија“ – Скопје и донесе одлука за основање на ваква установа.

Во образложението на предлагачот, Министерството за култура, е посочено дека во Република Македонија работи и функционира само една национална установа којашто негува репертоар на којшто се застапени турски, македонски и светски драмски автори, а претставите се изведуваат на турски јазик со симултан превод на други јазици, односно само Националната установа Турски театар – Скопје, поради што е евидентен недостигот на културни институции за негување и афирмација на културните вредности од турската заедница во Република Македонија.

Националната установа „Центар за култура на турската заедница во Република Македонија“ – Скопје ќе има за цел да ги негува, не само класичните уметнички форми, туку и постојано да ги следи и истражува модерните движења во сферата на културата и уметноста, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи врвни културни и уметнички достигнувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.