Музеј на Град Скопје организира изложба со најновите дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов. Извонредниот портретист од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022година.

“ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ е поставена во Салон 2 , Музеј на град Скопје, а отворањето е денеска 03.јули 2023год. (понеделник) во 20.00 часот.

На отворањето на изложбата, ќе се обратат, Директорот на Музејот на град Скопје д-р Панче Велков,авторот на каталогот Љубен Пауновски и кураторот на Изложбата Јасмина Намичева



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.