Петнаесетото издание на Битолското културно лето оваа година ќе започне на 23 јуни во античкиот локалитет Хераклеја со културниот настан насловен како „Вива Верди“, во кој ќе настапат повеќе од 130 учесници: симфониски оркестар, хор, оперски солисти…кои ќе ги изведат најубавите извадоци од најпопуларните опери на Џузепе Верди како: Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др.
Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани.
Годинава, на прагот на отворањето на 15. издание на Битолското културно лето, соочени сме со бројни критики, од страна на одредени советнички групи, чии членови иако најчесто беа во првите редови на културните настани, сепак културата најмногу ја критикуваат и осудуваат. Тоа говори, дека ваквиот пристап на Советот, нема да дозволи, проширување на средствата потребни за реализација на сите планирани настани за „Бит фест 2023“, што значи дека Комисијата би се доведила во непријатна ситуација на избор помеѓу приближно еднакво ниво на квалитет. Одлучивме, овогодишниот концепт да го реализираме, во рамките на одобрените средства од Советот. Понатамошниот програмски концепт, ќе ги вклучи веќе одобрени проекти на традиционалните културни манифестации, како: Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир фестивал, Локум фест, Незаборав, Илинденски денови, за на крај на август повторно во духот на културата која ја негува Битола, да имаме затворање на фестивалот со настан каков што доликува – рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и се извини на сите уметници кои покажале интерес да настапат, но недостигот на поддршка од Советот ги ограничува и финансиските ресурси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.