Вечерва на програмата на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се две претстави.
Од 19 часот на сцената од Центарот „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде изведена претставата на Турски театар Скопје „Вишновата градина“ од Антон Чехов, а во режија на Владимир Милчин. Влезот е слободен.
Од 22 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ ќе гостува Театар Комедија – Скопје. Ќе биде одиграна претставата „Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, а во режија на Синиша Ефтимов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.