Од 9 до 16 октомври се одржува виртуелен саем на Книга.мк (kniga.mk), каде што може да нарачаат книги 24 часа во денот. Во понудата се белетристика, трилери, книги за деловен и личен развој…
Учествуваат 16 издавачки куќи со понудени над 700 наслови и попуст до 70 проценти од некои издавачки куќи.
Замисли дека влегуваш во нашите книжарници, кликни на сите книги што сакаш да ги имаш и, додека да си подготвиш топол чај, тие веќе ќе стигнат кај тебе. Ќе те пречекаат попусти до 70 отсто на изданијата на ТРИ и Паблишер, како и попусти на над 700 актуелни наслови од продукцијата на уште 16 издавачки куќи, 24/7. Брзо како што вртиш нова страница, книгите ќе се најдат пред твојата врата, испорачани со многу љубов, соопшти Книга.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.