Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци синоќа ја промовираа книгата „Ваташа”, по повод 81-годишнината од стрелањето на 12 ваташки младинци, од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор. Станува збор за драмски ораториум од драматургот Зоран Пејковски.
Работен е врз основа на минатогодишното дело „Мемоари – сеќавање” во издание на Вински музеј, што пак претставува еден вид реконструкција на настаните пред и после тој кобен ден 16 јуни 1943 година, врз основа на сведештва на блиски другари, роднини и сопартијци, рече Весела Честоева, директорка на Вински музеј, упатувајќи благодарност до кавадаречкиот градоначалник и Советот на Општината.
Четворица актери изведоа драматизација од овој ораториум.
Рецензенти на делото се Марјан Патлиџанковски и Александар Јордановски. Пред присутните се обратија и Јордановски и Пејковски, како и директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски, и претседателот на општинскиот Совет, Стојанче Рамов.
Во текот на денешниот ден, ќе биде положено цвеќе пред споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, а ќе има и културно уметничка програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.