Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола по целосниот преглед на резултатите и финансиите од Годишната програма на Министерството за култура, со кои поддршката кон 41-вото издание на Светската детска ликовна изложба и конкурс „Битола” и 42-то издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” најавува можност за првпат во 55 годишното постоење на организацијата оваа година да не ги реализира проектите, велат во нивното соопштение.
По прекинот на 30 годишната поддршка без писмено образложение од страна на Министерството за образование и наука оваа година Министерството за култура само за проект за УНЕСКО за кој минатата година добија високи награди – им додели нула денари.
Веќе не е јасно кои се параметрите врз кои решаваат фамозните комисии. Ако за проект минатата година имавме 94 поени од 100 како е можно за истиот за 2023 година надограден со огромни награди да имаме нула денари? Со оглед на финансиската состојба и над 150 ученици кои бесплатно се едуцираат при Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и очекуваните над 600 пратки од исто толку приватни и државни школи од 60 земји од цел свет кои ќе генерираат фонд од над 40.000 детски ликовни цртежи Управниот одбор е пред тешка одлука. Воедно имавме ветувања дека нашиот статус ќе биде вратен и одлуката на Министерството за образование и наука [ позитивна или негативна ] ќе ја имаме и во нормална пишана форма. Ни претседателот на Владата ни претседателот на 4 месеци не можат да генерираат таков документ а организацијата е без поддршка веќе 9 месеци откако министерот излажа дека не е извршен прекин на истата, велат од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“.
Додаваат дека на 10 март закажан е состанок и со сите 15 членови на Меѓународниот Управен Одбор за 42-то издание на „Мал Битолски Монмартр” на кој со оглед на навредливите финансиски средства се отвора можноста колонијата оваа година да се откаже за прв пат од своето постоење.
Општествено одговорните компании – наши соработници и Општина Битола како и Влада [ министерства и институции ] примија над 250 писма за поддршка при реализацијата и тоа ќе е битен дотолку повеќе пресуден сегмент за конечната одлука. Во моментот несериозно е да говорима за реализација на овие огромни манифестации од интернационален квалитет на кои им се доделени мизерни средства. За активности на проектот Светска детска изложба и конкурс „Битола” кој трае од 20-ти септември до 25-ти мај или 9 месеци и подготовките за Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” која се подготвува од март и реализира до крај на мај во основа ова се цифри кои се граничат со здравиот разум. Ја разбравме „пораката” па соодветно на неа и ќе реагираме. Очигледно националните интереси во културата веќе одамна се изместени од здравиот разум на логиката а тесно политичките се приоритет, се вели во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.