Вечерва, со почеток во 19:30 часот на сцената на Народниот Театар во Битола, ќе биде изведена тетарската претстава „Вујко Вања“, од еден од најголемите драматурзи во историјата – А.П. Чехов, а во режија на Софија Ристевска Петрушева.
„Вујко Вања“ е драма што ги отсликува човечките желби, разочарувања и неостварените соништа. Со интензивни емоции и длабока психолошка игра, ова е претстава што ќе ве наведе да размислите за животот и односите околу вас. Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од ова ремек-дело.
Користени преводи:
А. Неверова – Христова, О. Павловиќ, Д.Биљановски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓорѓиевски Папаз
Композитор: Александар Талевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Шминка: Стефанија Стојчевска
Дизајн на тон и тон мајстор: Александар Димовски
Дизајн на светло и светло мајстор: Горан Петровски
Дизајн на видео и рекламен материјал: Сашо Илковски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Мирко Лазаревски
ВОЈНИЦКИ, ИВАН ПЕТРОВИЧ, ВУЈКО ВАЊА, син на Марија Василевна – ПЕТАР ГОРКО
СЕРЕБРЈАКОВ, АЛЕКСАНДАР ВЛАДИМИРОВИЧ, професор на универзитетот во пензија – АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВСКИ
ЕЛЕНА АНДРЕЕВНА, негова жена; на 27 години – ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА
СОФИЈА АЛЕКСАНДРОВНА (СОЊА), негова ќерка од првиот брак – КАТЕРИНА АНЕВСКА – ДРАНГОВСКА
ВОЈНИЦКА, МАРИЈА ВАСИЛЕВНА, вдовица на таен советник, мајка на првата жена на професорот – МАРИЈА СТЕФАНОВСКА
АСТРОВ, МИХАИЛ ЉВОВИЧ, лекар – НИКОЛА ПРОЈЧЕВСКИ
ТЕЛЕГИН, ИЉА ИЛИЧ, пропаднат спахија – ВАЛЕНТИН ДАМЧЕВСКИ
Online билети може да набавите на веб страната: https://narodenteatarbitola.com/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.