Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 на 17.05.2024 во Даут Пашин Амам во 20 часот ќе настапат тројца пијанисти: Ервин Леитер (Унгарија/Грција), Леонид Петрески и Стефанија Јонческа – Тонски. На програмата ќе се изведат дела од класичната и современа литература, меѓу кои Моцартовиот „Турски марш“, Бетовен „Ероика варијации“ и Шопен – скерзо бр. 4.
Следуваат концертите на гитаристите Дејан Несторов и Александра Кировска и пијанистката Ангела Николовска кои ќе настапат на 30.05.2024 во галеријата Даут Пашин Амам во 20 часот. На 15-ти јуни, во Даут Пашин Амам ќе се одржи и концерт за деца на кој ќе настапат учениците од Пијано академијата Модоарс. На затварањето на фестивалот ќе настапи пијанистката Ема Попивода со концертот кој воедно е промоција и на нејзиниот нов албум „Суперсоник & Акустик електроникс“.
Фестивалот Модоарс донесува нова свежина на скопската културна сцена, а публиката со сигурност ќе има можност да ужива во концертите со несекојдневна музичка програма и изведба на извонредни музички ументици.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија и Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.