Вечерва во Театар Комедија во 20 часот премиерно ќе биде прикажана претставата „Илуминати“, работена според култниот филм на Алфред Хичкок, ,„39 скали“, а во режија на Синиша Евтимов.

Претставата жанровски претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан (Тино Костадиновски), кој заедно со плејадата споредни ликови, вешто интерпретирани само од тројца актери (Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски), нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија…

Сценографијата е на Мартин Манев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска, дизајнер на звук е Георгиј Полизов, кој е и тон-мајстор заедно со Томи Анчов, а дизајнот на светлото е на Мартин Манев.

Од театарот напоменуваат дека во претставата се користат гласни ефекти, односно пукање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.