Вечерва започнува 31. издание на меѓународните студентски средби „Скомрахи“, овој пат со акцент на односот човекот (уметник) и вештачката интелигенција.
Идејата е да се прикаже разноликоста што ја нуди човекот уметник денес наспроти вештачката интелигенција која сѐ уште го нема капацитетот да го замени човекот, откриваат организаторите на годинешните средби.
На свеченото отворање ќе биде изведена претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ целосно изработена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а ќе биде прикажан и студентскиот филм „Тага“ на студентката Тина Величковиќ. Потоа ќе следува забава во бифето на ФДУ. Влезот е бесплатен, а Скомрасите ги отвораат вратите за сите кои сакаат да наминат на дружба.
Во официјалната програма се избрани 25 филма и 7 студентски пиеси за кои била одговорна неколку-члена комисија составена од студенти. Во тимот за организирање како што велат, се добредојдени сите, но на крај бројот на вклучени и активни студенти го одредуваат испитите и другите обврски.
Дополнително, овој пат на „Скомрахи“ ќе има изложби, работилници и предавања, а тука е и препознатливиот „СкомрахОФФ“ – музичка програма што ќе следува на крајот на секоја дневна програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.