Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 21,30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се изведат кореографиите „Блокови“ на Дејан Битровски и „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар.

„Блокови“ на Битровски зборува за градење и рушење на врски и односи меѓу луѓето и општеството. Борбата на човекот и неговата мисла преточена во градење и рушење на ѕидови кои фигуративно го преставуваат менталниот склоп на општесвото и неговата поделеност. Тој како мотив зема и цитира еден стих од македонскиот пистаел Кочо Рацин кој вели “Кој ни замати извори бистри, извори на души чисти?”. Битровски се потпишува како режисер и кореограф, Благој Мицевски како костимограф, музиката е на задолжен музичкиот продуцент Александар Гроздановси. Дизајн на постерот е на Елена Узуновски, настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска и Бобан Русески и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефани Шааршмит, Илина Костовска, Клара Христовска.

„Место, многу посебно за неа“ е кореографија во два дела која ја поставува жената во примарен фокус на сцена. Кореографијата и режијата се на Адијана Данчевска, музиката во првиот дел на претставата е „Болеро“ на Морис Равел, а во вториот дел музиката се изведува во живо, со музичарите: Виктор Филиповски и Ратко Даутовски и вокланиот солист Викторија Коцева.

Сценографијата ја осмислуваат Адријана Данчевска, Ивана Мојсовска, X Print и Матеа Мијановиќ. Костимите се на  Адријана Данчевска, реализирани од Весна Стефаноска. Дизајнер на плакат и видео е Ивана МојсовскаНастапуваат танчерите: Стефани Шааршмит, Клара Христова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Микаела Анџела Глигорова, Ангела Петровска.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.